Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјелце си обезбеди нов спонзор и сигурна иднина

Објавено

на

Полскиот ракометен шампион Кјелце се најде во непријатна ситуација откако компанијата Виве како долгогодишен спонзор реши да се повлече, а тоа донесе и шпекулации за заминување на дел од најголемите ѕвезди на екипата.

Претседателот Бертус Сервас денеска ги информирал медиумите дека ПГЕ Кјелце веќе ги финишира преговорите со вториот главен спонзор, но засега не сака да ја открие компанијата.

Сервас истакнал дека откако информацијата за финансиските проблеми на клубот стигнала до јавноста, имало неочекувано голем интерес меѓу компаниите од кои една ќе биде избрана за втор главен спонзор, кој ќе го вметне и своето име до тоа на првиот спонзор и на клубот.

Поради финансиската неизвесност, досега ракометари како Игор Карачиќ и Алекс Душебаев беа поврзувани со повеќе клубови, но сега е јасно дека Кјелце нема да има проблеми да ги исполни своите обврски од договорите.

Во новата сезона на Лигата на шампионите, Кјелце ќе биде во група со нашиот Вардар, како и со ПСЖ, Порто, Пик Сегед, Мешков, Елверум и Флензбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни