Поврзете се со нас

Свет

Кјелце остана без главниот спонзор, може ли Карачиќ да се врати во Скопје?

Објавено

на

Една од најдобрите европски екипи Кјелце остане без својот главен спонзор.

Имено „ВИВЕ“ повеќе нема да биде главен финансиер на полскиот тим и ова го соопшти претсетдаелот Бертус Сервас кој сепак ќе остане во клубот.

-Од 1 јули мојата компанија повеќе нама да биде спонзор на клубот. Причината е јасна, тоа е кризаната поврзана со КОВИД-19. Постојано бевме затворени. Јас имам многу вработени и мора да бидам одговорен менаџер, -истакна Сервас.

Останува да видиме како оваа нова финансиска состојба ќе се одрази врз Кјелце и дали Вардар може нешто да ќари од оваа ситуација и тоа во слуачјот Игор Карачиќ. Хрватот има договор со полскиот тим, но во исто време е и желба на „црвено-црните“, па останува да видиме дали бекот би можел да се врати во Скопје, во тимот во кој настапуваше од 2012 до 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни