Поврзете се со нас

Свет

Ќе се игра турнир во чест на Марадона, градот домаќин изненади многумина

Објавено

на

И официјално е договорено наскоро да почне да се игра пријателски турнир во чест на еден од најгоелмите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона.

Новоформираниот куп, очекувано, ќе го носи името „Марадона куп“, а на него засега сигурно уечство има за Барсечона и Бока Јуниорс, клубови во кои играше Марадона.

Освен овие клубови, се очекува на купот да настапат и Наполи и Њуелс Олд Бојс чии дресови исто така ги носеше легендарниот аргентински фудбалер кој почина на 25 ноември минатата година.

Барселона ќе се соочи со Бока на 14 декември, период кога ќе има пауза во шпанскиот шампионат, па „каталонците“ ќе може да ја одиграат оваа средба.

Многумина останаа зачудени со изборот на градот домаќин на овој турнир. „Марадона куп“ ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, а допрва се очекува присуството на истиот да го потврдат од Наполи и Њуелс Олд Бојс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни