Поврзете се со нас

Свет

Ќе почека друга шанса за Евролигата: Валенсија го испрати Нено на позајмица во Русија (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciabasket

Валенсија беше една од екипите кои добија вајлд-карта за настап во Евролигата во новата сезона, но за жал, Ненад Димитријевиќ нема да дочека можност да игра во најелитното европско натпреварување.

Македонскиот репрезентативец имаше солидна прва сезона во Валенсија, но сега шпанскиот великан одлучи да го испрати на едногодишна позајмица и на калемење во Русија.

Валенсија ова попладне информираше дека Нено е испратен на позајмица во Уникс Казан, клуб чии бои ќе ги брани во новата 2022/23 сезона.

Договорот со рускиот клуб е постигнат откако веќе извесно време беше јасно дека Нено не е во плановите на тренерот на Валенсија, па сега македонскиот репрезентативец ќе биде активен во Русија.

Димитријевиќ изминатата сезона одигра 33 натпревари за Валенсија и имаше просек од 8.4 поени, 1,5 скокови и 3.9 асистенции по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни