Поврзете се со нас

Лига Европа

Ќе плати за „лудилото“: Хулиганот кој го нападна Дмитровиќ доби три месеци казна затвор

Објавено

на

Реванш средбата меѓу ПСВ и Севилја во Лига Европа донесе инцидент во кој еден домашен фан сакаше да го нападне гостинскиот голман Марко Дмитровиќ.

Србинот реагираше и се справи со фанот пред да го преземе обезбедувањето за да сега стигнат санкции за хулиганот од холандските власти. Имено медиумите од земјата на „лалињата“ известуваат дека 20-годишното момче од Рурмонд е осудено на три месеци затвор од кои еден месец условно.

Воедно тој две години нема да може да се приближи до просторот околу стадионот на ПСВ што јасно говори дека властите екпресно го решија случајот.

Инаку момчето и во минатото правело проблеми, а за своето однесување на стадионот го објаснува со тоа дека испил многу пиво и воопшто не се сеќава што се случило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни