Ќе ја продолжи соработката: Пеп добива нов подобрен договор од Сити

pep

Шпанскиот фудбалски стучњак, Пеп Гвардиола е пред потпишување на нов договор со составот на Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на островот.

Поранешниот тренер на Барселона и Реал Мадрид е подготвен да стави потпис на новата соработка до 2021 година, но откако ќе го подигне првиот трофеј со „граѓаните“. Според информациите Пеп своето останување на „Итихад“ ќе го наплати со 20 милиони фунти на годишни ниво, а за возврат ќе мора да го издигне клубот на уште повисоко ниво и секако да се соберат што повеќе трофеи во сите конкуренции.

Првата шанса за пехар Пеп ќе ја има во недела во финалето на Лига Купот против Арсенал, па ако ги одведе избраниците до посакувната цел може веќе следната седмица официјално да биде објавен новиот договор. Стариот му истекуваше по крајот нан наредната сезона.

Facebook Коментари