АТП
Ќе има спектакл: Ѓоковиќ го дозна противникот во полуфиналето на АО

Новак Ѓоковиќ мина низ топлотен бран за да се пласира во полуфиналето на Аустралијан Опен, а неколку часа подоцна, го дозна и својот ривал во оваа рунда.
Светскиот рекет број еден се намачи во првите два сета со Тејлор Фриц и доста тешко се справуваше со „пеколот“ во Мелбурн, но потоа се аклиматизираше и во четири сета ја заврши работата.
Ноле е главен фаворит за освојување на 11-та титула на омилениот грен слем турнир, а претпоследна пречка ќе му биде Италијанецот со кој водеше најголеми битки на крајот на 2023-та година.
Јаник Синер успеа двапати да го победи Ноле на последните три меча, но и самиот е свесен дека ќе мора да се надмине себеси за да го добие во меч во три добиени сета.
Синер имаше добра увертира за пресметката со светскиот рекет број еден, бидејќи не загуби ниту еден сет во дуелот со Андреј Рубљов и со 3:0 се пласираше во полуфиналето.
Русинот ги пропушти сите свои шанси за да освои барем еден сет, па на крајот загуби со 6:4, 7:6 и 6:3, со што дозволи Синер да се пласира меѓу четирите најдобри без да загуби ниту еден сет од самиот старт на турнирот.
15 sets played, 15 sets won.@janniksin sizzles into the #AusOpen semi finals with a 6-4 7-6(5) 6-3 win over Andrey Rublev.@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis pic.twitter.com/HR8kGnXwj1
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 23, 2024
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
Свет17 часа
Роналдо со прв гол како 40-годишник, Дуран ја „отвори сметката“ за Ал Наср (ВИДЕО)
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим