Ќе биде подготвена за првиот голем предизвик: Серена ќе го брани трофејот во Мелбурн

serena

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс ќе биде дел од првиот грен слем во 2018 година Австралија Опен.

Оваа информација за пошироката јавност ја откри и соопшти директорот на турнирот во Мелбурн, Грег Тили.

-Таа доби виза, пријавена е за настап, тренира. Ние не се сомневаме дека таа ќе биде подготвена, -истакна Тили.

Серена која се породи во месец септември, се врати на тренинзите и се подготвува за следните предизвици, но отворено беше прашањето дали таа ќе биде фит за да може да ја започне новата сезона и пред се првиот грен слем Австралија Опен.

Таа лани во блажена состојба го освои истиот и сега има 23 пехари од големите турнири, поточно пред неа е само Маргарет Корт (24).

-Таа сака да го собори рекордот на Маргарет Корт. Тоа би било доста значајно достигнување за неа да може тоа да го направи,- додаде Тили.

Facebook Коментари