Поврзете се со нас

НБА

Ќе биде меѓу најплатените во НБА лигата: Дончиќ добива мега договор од Далас

Објавено

на

Најдобриот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ е на добар пат да ја обнови соработката со Далас Маверикс и со тоа воедно да стане еден од најплатените играчи во НБА лигата.

Според новинарот Марк Стејн кој долги години ги прати возбудувањата во најсилниот кошаркарски шампионат на светот Дончиќ има на маса нов петгодишен договор вреден 202 милиони американски долари.

Ако ова сценарио се реализира и Лука ја прифати понудата тој ќе стане осми најплатен играч во лигата со 40,4 милиони по сезона, поточно ќе биде само позади Кари, Харден, Вол, Пол, Вестбрук, Дурент и Џејмс.

Околу ова повеќе ќе се знае по ОИ каде Лука заедно со Словенија е веќе во четвртфиналето во кое ривал им е селекцијата на Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни