Поврзете се со нас

Свет

Ќамили го постигна осмиот погодок во Данска (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/soenderjyskefodbold

Македонскиот интернационалец, Лирим Ќамили го постигна осмиот лигашки погодок за Сондерјиске во првата лига на Данска.

Сондерјиске не успеа да направи изненадување и загуби од Нордсјеланд со 3-2 во дуелот на кој првиот гол беше дело токму на Ќамили во 22 минута.

Овој момент како да ги разлути домаќините кои потоа реализираа трипати во низа за 3-1 за да во самата завршница биде ублажен поразот во 84 минута.

Лирим го одигра целиот меч, додека Сефер Емини беше активен до 77 минута. Со 16 бода Сондерјиске е на 10 место на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни