Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјаер: Сакаме да играме вакви мечеви, подготвени сме за Ливерпул

Објавено

на

Калчолигашот Милан по подолга пауза одново ќе игра во Лигата на шампионите, а во првата средба во групната фаза има пеколна задача, гостување на „Енфилд Роуд“ кај Ливерпул.

Ова е дуел кој се игра утре од 21 часот, а во таборот на „росонерите“ се убедени дека се максимално спремни за овој тест кој ќе ја покаже нивната сила, способност во овој момент.

-Добро сме подготвени. Се наоѓаме на добра точка на нашиот пат, многу напредувавме и сега мора да го покажеме. Ваквите натпревари се тие за кои играме фудбал. Многумина не веруваат дека можеме да одиме таму и да играме, но тоа е нашиот менталитет. Со најголема почит, но ќе играме како и против секоја екипа, -вели стоперот Симон Кјаер.

-Јас верувам дека го играм мојот најдобар фудбал, ама можам да играм добро само ако така игра и тимот. Ни треба ист менталитет, Ливерпул е многу силен, но според мое мислење ние пораснавме и физички и психички во споредба со последниот натпревар во Европа.

-Утре ќе биде тешко, но го знам тренерот и тој сака да одиме таму и да играме за Милан. Ние сме таму за да докажеме дека не сме на одмор, -дополни Данецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни