Кјаер: Ми се оствари сонот, со Ибрахимовиќ имавме битки…

kjaer

Симон Кјаер дебитираше во дресот на Милан и тоа на пресметката со СПАЛ во Купот на Италија која заврши со победа на фаворитот од 3-0.

Стоперот се најде во почетниот состав и беше на теренот се до самиот финиш кога беше заменет со младиот Матејо Габија. Кјаер е задоволен од настапот и воедно откри дека со ова му се остварил неговиот сон.

-Секогаш беше сон да играм за Милан. Среќен сум што сум овде, во овој одличен клуб. Во Миланело ја дишете големата историја. Задоволство ми е што сум тука, јас сум навистина среќен. Имам играно на „Сан Сиро“, секогаш има фантастична атмосфера. Секогаш е посебно да се игра овде. Сон е да се биде овде, затоа целта ми е да останам во Милан. Секогаш е посебно кога вашиот идол, како Малдини ве повикува и ви вели да дојдете во Милано. Задоволство ми беше што го запознав, -истакна Кјаер кој воедно посочи дека нема никакви проблеми меѓу него и Златан Ибрахимовиќ.

-Многупати се имам соочувано со него во текот на кариерата. Ние ги имавме нашите битки на теренот, но нема проблеми меѓу нас. Имаме иста цел, да му дадеме рака на Милан и да го кренеме што е можно повисоко. Неговата кариера зборува сама за себе, задоволство за сите е што е тука, заклучи Данецот.

Facebook Коментари