Поврзете се со нас

Италија

Кјаер и Томори двапати го спасуваа Милан на гол линијата, „росонерите“ на „мускули“ до трите бода против Џенова (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Милан со доста мака дојде до трите бода во пресметката против Џенова со која се отвори денешната програма во Серија А.

„Росонерите“ играа на овој меч без својот најдобар играч и голгетер Ибрахимовиќ, но и без него некако успеаа да слават со 2-1 и со тоа да направат уште еден исчекор кон пласман во Лигата на шампионите. Домаќинот го отвори резултатот во раната фаза преку Ребиќ (13 минута), предност која ја имаше до 37 минута кога Дестро со глава израмни на 1-1.

Милан притисна во вториот дел, а тој притисок вроди со плод во 68 минута кога при еден корнер Скамака си постигна автогол. Во игра кај гостите влезе нашиот Горан Пандеви и тоа ја размрда Џенова која во финишот имаше одлична шанса да дојде до бод, меѓутоа Кјаер и Томори двапати се најдоа на вистинското место и ја вадеа топката од гол линијата.

„Црвено-црните“ со 66 бода се на второто место на табелата, Пандев и компанија ја држат 14 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни