Поврзете се со нас

Светски првенства

Кизиќ: Имаме наш стил на игра, со повеќе среќа ќе завршевме погоре на СП

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Марко Кизиќ имаше уште еден квалитетен меч во македонската репрензетација и со својот учинок, одбрани на голот одигра важна улога во славјето над Катар од 39:34.

Кизиќ имаше десет интервенции и со тоа и го отвори патот на селекцијата до посакуваниот резултат против азиската репрезентација предводена од легендарниот Веселин Вујовиќ.

-Одигравме одличен натпревар, дадовме се од себе на теренот. Успеавме во првото полувреме да ја направиме таа разлика што беше многу важно за нас. Продолживме да играме одлично до крај и заслужено го победивме Катар. Имаме наш стил на игра, ние сме млади, треба да ја користиме нашата брзина, полетност, тоа е наша предност. Како и на секој меч ја практикувавме нашата игра.

-Енергетски, одлично се чувствуваме. Дојдовме до важна победа, зад нас оставаме многу добри натпревари, со малку повеќе среќа би завршиле сигурно погоре, но што е, тука е. Мотив е самата репрезентација по себе, кога играш за репрезентација мотивација никогаш не недостига, -порача Кизиќ.

Наредниот меч за Македонија е против Франција во сабота од 20:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни