Поврзете се со нас

ВТА

Кис ја шокираше Сабаленка и стигна до прв грен-слем трофеј во Мелбурн

Објавено

на

Фото: https://x.com/AustralianOpen

Медисон Кис го освои Аустралијан Опен по големата победа во финалето против фаворизираната Арина Сабаленка.

Американската тенисерка конечно го освои првиот грен-слем трофеј во кариерата и тоа по исцрпувачки три сета во дуелот со Белорусинката, во кој Кис го доби решавачкиот сет со 7:5.

Кис го отвори мечот со сигурна игра и поведе откако го доби првиот сет со 6:3, но Сабаленка возврати со поубедливи 6:2 и најави голема драма во завршниот сет.

Американката го започна турнирот како 19. носителка, а со триумфот во Мелбурн на 29-годишна возраст, стана четврта највозрасна тенисерка која го освоила првиот грен-слем трофеј.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни