Кирјос загуби гејм, па полуди во Рим: Скрши рекет, фрли стол на теренот, па се спакува и си замина (Видео)

kirjos

Контроверзниот Ник Кирјос повторно е во центарот на вниманието, а причината за тоа е неговото скандалозно однесување на дуелот против Каспер Руд на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Рим.

При резултат 1-1 во сетови тој го загуби својот сервис во вториот гејм со што резултатот беше 1-1. Тука почна шоуто на тенисерот од Австралија кој се изнервира и жестоко протестираше кај судијата притоа обвинувајќи ја публиката. Судијата не го толерираше ваквото однесување, па наредниот гејм му го додели на Руд по што Кирјос дополнително полуде, скрши рекет, фрли столица на теренот, па потоа се поздрави со противникот, судијата и си замина.

Заради ова беше дисквалификуван од турнирот, а нема да биде изненадуавње ако добие и дополнителна казна од АТП.

Facebook Коментари