Поврзете се со нас

АТП

Кирјос во свој стил за дубл настапот со Ѓоковиќ во Бризбејн: Задоволство е да се игра со мене

Објавено

на

Foto:instagram.com/k1ngkyrg1os

Ник Кирјос ќе се обиде да се врати на тениските терени по долгата пауза, одноно ќе се тестира себеси дали е подготвен за настапи на големата сцена по повредите, паузата која во еден момент се чинеше дека значи и крај на кариерата.

Кирјос ќе настапи на АТП турнирот во Бризбејн каде се очекува вистински спектакл во дубл затоа што за партнер го има Новак Ѓоковиќ.

-Сите зборуваат за тоа колку е забавно да се игра со него. Сепак, навистина е задоволство да се биде во тимот со мене, ако бидеме искрени. Мислам дека и двајцата сакавме да играме заедно барем еднаш пред еден од нас да ја заврши кариерата. Драго ми е што ова ќе го постигнеме на мој терен и мислам дека ќе биде големо искуство за публиката, сигурно ќе ужива, -пораче рекетор од Австралија кој ќе биде активен и во поединечна конкуренција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни