Поврзете се со нас

АТП

Кирјос во свој стил го најави враќањето на Ролан Гарос: Мојата девојка……

Објавено

на

Ник Кирјос во повеќе наврати го посочи Ролан Гарос како убедливо најлош грен слем турнир, па поради тоа не играше на ниту едно од последните пет изданија.

Последниот настап на Австралиецот на грен слемот во Париз датира од 2017-та година, па сега си најде добра причина да се врати и да заигра на Френч Опен по пауза од шест години.

Кирјос во свој стил го најави кам-бекот во француската престолнина, закажувајќи дека ќе се појави на главниот турнир во месец мај, и тоа по барање на неговата девојка.

– Мојата девојка сака да го запознае Париз, па така ќе морам да играм на Ролан Гарос во 2023-та година. Ќе биде добро за мене да заработам пари, инаку подобро да останам дома, – порача Кирјос денеска.

Ник никогаш нема стигнато подалеку од третото коло на Ролан Гарос, но смета дека може да направи и добри резултати со оглед на победите кои ги има остварено над големи ривали на земјена подлога.

– Знам дека можам да бидам добар и на земја. Го имам победено Федерер, исто така и Вавринка, играв финале во Есторил. Девојка ми има желба да остане подолго во Париз, па ќе треба да се потрудам, – изјави Ник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни