Поврзете се со нас

АТП

Кирјос става крај на голготата: Ѓоковиќ е виновен за моето враќање на теренот

Објавено

на

Foto:instagram.com/k1ngkyrg1os

Ник Кирјос полека става крај на голготата и се враќа на тенисот после две години, период во кој најмногу се истакна како коментатор, но и спаринг партнер на Новак Ѓоковиќ.

Австралиецот открива дека морал да направи тајна операција на зглобот за да ги реши хроничните проблеми кои го прогонувале долго време, а открива дека токму српскиот тенисер е главен виновник за негово враќање на терените.

Кариерата на Ник сериозно беше доведена во прашњае по долгата пауза која ја направи, а откако најави враќање на терените веќе во декември, планира да биде максимално подготовен за тенискиот грен слем во неговата родна земја (Австралија).

– Изминатово лето тренирав со Новак на Вимблдон и тој ми порача дека воопшто не изгледам како тенисер кој правел операција. Тоа за мене беше голем мотив, тогаш сфатив дека можам да направам кам-бек на теренот. Јас не бев свесен за тоа, се додека тоа не ми беше кажано од Ноле.

– Неговите зборови беа голем потстрек за мене и тој е виновник за моето враќање. Да не беше Ноле, не знам дали ќе бев толку мотивиран за враќање на теренот. Беше голема работа што тие зборови ги слушнав од него, – открива Кирјос, а во продолжение обелоденува детали и за својата операција на зглобот на раката.

– Морав да направам реконструкција на зглобот на раката. Во раката ми беа направени четири дупки и некоја жица го држеше мојот зглоб исправен. Прстите ми изгледаа како колбасици после операцијата, бев во гипс 12 недели и воопшто не го движев зглобот. Практично, морав одново да ги учам сите движења со зглобот, – открива Ник.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни