АТП
Кирјос соопшти разочарувачка вест неколку часа пред стартот на Вимблдон, фановите останаа пократки за гарантирано шоу

Минатогодишниот финалист на Вимблдон, Ник Кирјос нема да учествува на најновото издание на најпрестижниот тениски грен слем турнир, откако на неколку часа пред стартот на првиот меч, самиот објави дека не успеал да ја санира последната повреда.
Австралискиот тенисер важеше за еден од ретките кои можат да го предизвикаат Новак Ѓоковиќ во битката за титулата поради тоа што е специјалист за трева, но оваа вест пристигнува во најлошо можно време за него и ќе мора да почека следна прилика за да настапи во Ол Ингланд клубот.
– Навистина сум тажен што морам да се откажам од Вимблдон оваа година. При моето враќање на теренот, почувствував болка во зглобот на раката. Како мерка за претпазливост, направив скен на целата рака и покажа дека се работи за скинат лигамент.
– Дадов се од себе да бидам подготвен и да играм, и затоа многу сум разочаран што немав доволно време за да настапам на Вимблдон. Ќе се вратам како и секогаш, ја ценам поддршката од моите фанови, – порача Кирјос.
Ник минатата година ги одмерите силите со Новак во големото финале, па иако сериозно го тестираше и освои еден сет, сепак не успеа да го спречи Србинот во намерата да стигне до седмата титула.
Sorry to hear your news @NickKyrgios – wishing you a swift recovery and hope to see you back on our courts next year 🙏#Wimbledon pic.twitter.com/R0zl7i74Bd
— Wimbledon (@Wimbledon) July 2, 2023
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Шпанијапред 24 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“