Поврзете се со нас

АТП

Кирјос со прв сериозен коментар ги нападна организаторите на „Адрија Тур“: Колку глупаво…

Објавено

на

Одржувањето на тенискиот егзибиционен турнир „Адрија Тур“ вчера и денес е главна тема во светските спортски медиуми.

Причината за тоа е позитивниот резултат на тестот на Григор Димитров, а потоа уште на неколку учесници на турнирот меѓу кои и хрватскиот тенисер Борна Чориќ.

Новак Ѓоковиќ наводно го извршил тестот во Белград и сега се очекува резултат од него и нема да изненади доколку и тој биде позитивен затоа што константно се дружеше со Григор Димитров.

Одлуката да се одржи овој турнир наиде на критики и од најкритикуваниот тенисер во светот, Ник Кирјос.

– Колку глупава одлука оваа егзибиција да се одржи. Ви посакувам брзо заздравување, но ете што се случува кога ќе ги запоставите протоколите. Ова не е шега, -напиша Кријос на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни