Поврзете се со нас

АТП

Кирјос со прогноза: Синер сега ќе биде незапирлив, ќе биде тука уште долго време

Објавено

на

foto:twitter.com/janniksin

Јаник Синер го совлада Данил Медведев и ја освои најголемата титула во досегашната кариера, грен слем пехар на Аустралијан Опен.

Италијанецот имаше фантастичен турнир во кој до финалето загуби само еден сет за да во завршниот меч се врати од негатива од 2-0 и победи со 3-2 и со тоа дојде до славје во Мелбурн.

Ова беше само потврда дека Синер е во извонредна форма, но според Ник Кирјос тој допрва ќе го покажа најдоброто и едноставно ќе биде незапирлив.

-Неверојатно е колку неговата игра напредуваше во третиот, четвртиот и петтиот сет. Тој си го најде својот форхенд. Многу сум среќен што можев да бидам дел од тоа. Ги коментирав неговите натпревари од крајот на минатата година. против Новак во Торино, а потоа и во Дејвис купот. Мислев дека овој човек наскоро ќе тропне на вратата.

-Видов напредокот кога е во прашање сервисот и уште некои, а зрелоста што ја има во толку млади години е нешто што никогаш не сум го имал. Предвидував дека ќе има освојувач на слем во 2024 година, без разлика дали е овде или Ју-Ес Опен. Ова ќе биде огромен скок за него и мислам дека ќе видиме уште многу слемови од него во следните неколку години.

-Сега кога го освои овој, ќе биде незапирлив. Тој покажа неверојатна зрелост. Само што го освои најголемиот трофеј во кариерата и е многу скромен. Тоа покажува каков е. Одлично момче и веќе можете да видите дека цели на нешто посебно. Тој сака да продолжи со овие достигнувања и да освои повеќе слемови. Тој не е задоволен. Ќе биде тука уште долго време, -порача Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни