Поврзете се со нас

АТП

Кирјос со изјава за Ѓоковиќ откако Србинот откри дека бил труен во Мелбурн

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Новак Ѓоковиќ во неколку наврати порача дека има трауми од немилите случувања во Австралија на стартот на 2022-ра година, но сега за првпат излезе со изјава која реши со години да ја чува за себе.

Српскиот тенисер во интервјуто за магазинот „Џи-Кју“ обелодени дека бил труен во имиграцискиот хотел и дека се соочил со сериозно здравствени проблеми по заминувањето од Австралија, исповед која го натера Ник Кирјос уште еднаш да распали по тогашните власти кои не му дозволија на Ѓоковиќ да се натпреварува во Мелбурн.

– Се уште не сум зборувал со Новак за тоа што го изјави, да бидам искрен, не знаев дека му се случило тоа. Јас се уште стојам зад она што го кажав во неколку наврати. Го третиравме како го.но, не требаше да се случи цела таа епизода, – вели Кирјос.

Овој негов коментар пристигна по интервјуто кое вчера стана посебно актуелно во јавноста, бидејќи „Џи-Кју“ реши да го објави непосредно пред стартот на Аустралијан Опен, иако истото е направено пред неколку месеци.

– Кога се вратив дома, имав некои здравствени проблеми. Сфатив дека сум јадел нешто отровно во тој хотел во Мелбурн. Поминав неколку тестови по моето враќање во Србија. Ова никогаш никому не сум го кажал, но открив дека имам високо ниво на тешки метали во телото. Имав високо ниво на олово и жива во телото. Единствениот начин на кој можеа да се најдат во мојот организам е преку храната во тој хотел.

– Бев многу болен, нешто како грип. Буквално колабирав неколку дена подоцна, лекарите итно дојдоа во мојот дом и отидов на неколку токсиколошки тестови, – откри Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни