Поврзете се со нас

АТП

Кирјос со авторски текст за Ноле: Како го засакав Ѓоковиќ, најголемиот тенисер на сите времиња

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Ник Кирјос е големо засилување за коментаторскиот тим на „Еуроспорт“ и Австралиецот го коментираше првиот настап на Новак Ѓоковиќ на овогодинешниот грен слем во Мелбурн, но после сите пофалби кои ги даде за Србинот, сега се истакна и со авторскиот текст кој го направи во негова чест.

Контроверзниот Кирјос во минатото беше најголем критичар на Србинот и често знаеше да испрати многу невкусни коментари за Ноле, но реториката се промени откако Ник застана на негова страна во ситуација кога Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија.

Ковид-скандалот ги зближи двајцата тенисери кои беа своевидни непријатели на теренот и надвор од него, па сега Кирјос пишува за Ноле како да му е навистина добар пријател.

Текстот е насловен „Како научив да го сакам Новак Ѓоковиќ, најголемиот тенисер на сите времиња“, а истиот ви го пренесуваме во целост:

– Разговорот е променет, Новак Ѓоковиќ е број 1, ГОАТ (најголем на сите времиња), поклонете му се бидејќи нема дилеми за тоа. Поседува подобар скор во дуелите со Рожер Федерер и Рафаел Надал, ги има сите грен слем рекорди и наградите го покажуваат тоа. Новак е најдобриот играч кој некогаш држел тениски рекет, нешто во што не верував ниту јас пред неколку години. Ако дојдете кај мене и ме прашате кој сакам да игра доколку ми зависи животот од него, ќе го изберам Новак. Едноставно повеќе не постојат ГОАТ расправии.

– Прашањето кое ми останува во глава е следното: Кого би сакале повеќе да го гледате како игра? Тоа е сосема друга дебата. Ако ме прашате кој е најдобар играч за гледање и кој е најприроден, мислам дека голем број ќе ви одговорат исто, Рожер Федерер. Но, тоа што го направи Новак е лудо, имаше свои борби на почетокот на кариерата, направи промени на физички и психички план кои го однесоа да биде најдобар што сме го виделе. Мораше да работи за се, успеа да го извлече она со кое Федерер е роден, најде начин да биде и подобар. Не мора да го сакате, но како да не го почитувате човекот кој со толку работи и посвета покажа дека е најдобар?

– Бев еден од оние кои не го сакаа. Не бев фан на начинот на кој се однесуваше на теренот, ги земаше тие паузи за тоалет или го викаше тренерот….. Тоа не ми се допаѓаше и бев искрен за моите погледи кон него во добар дел од мојата кариера. Тогаш бев млад и незрел и не го сфатив неговиот тениски пат. Со тек на времето, го запознав и ми стана јасно дека меѓу нас постојат и сличности. Тоа не се грен слем титули, но слични сме по тоа што најголем дел од публиката или не мрази, или не сака. Ќе се навратам и на тоа Ковид време, гледав како цел свет се сврте против него, гледав како мојата држава се врти против него. Во себе помислив дека би сакал да има некој што е на негова страна, па застанав на негова страна и му дадов поддршка. Го преземав тој ризик и мислам дека тој сега многу ме почитува поради тоа. Искрено го засакав Новак и мислам дека сега и јас му се допаѓам. Сега имаме пријателство кое се гради со почит, – вели Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни