Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Синер кошмар на Ѓоковиќ? Новак спие мирно како куче

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ за кратко време загуби уште еден меч со Јаник Синер, овојпат настапувајќи за својата репрезентација во Дејвис Купот.

Ѓоковиќ беше пред победа во соочувањето со Италијанецот, имаше три меч топки, но потоа доживеа неочекуван пад, противникот се врати и во наредниот гејм направи брејк за победа од 7-5 што значеше израмнување на 1-1 во пресметката за да потоа во дубл Синер одново биде подобар од Ноле и ја одведе својата селекција во финалето каде потоа и дојде до пехарот во ова натпреварување.

Јаник славеше против првиот светски рекет и во Торино, па на некој од тениските страници, портали имаше порака дека 4. тенисер станува ноќна мора, кошмар за Србинот на што одговор имаше Ник Кирјос.

-Дискутабилно, хахаха. Мислам дека Новак ја сонува својата банкарска сметка и за сите достигнувања, спие мирно како куче, -искоментирал тенисерот од Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни