Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Синер е новиот Ѓоковиќ

Објавено

на

Јаник Синер веќе некое време игра тенис на врвно ниво, а најдобар доказ за тоа е што веќе наоѓа решение и го победува Новак Ѓоковиќ кој асот со најмногу пехари на грен слем сцената, ас кој е и на првото место на АТП листата.

Италијанецот вчера го реши Ѓоковиќ и во полуфиналето на Аустралијан Опен со што само потврди дека е во извонредна форма, но и дека е најблиску до најголемиот успех во кариерата, пехар на најголемите, најважните турнири.

Ник Кирјос поради повреда не е активен во Мелбурн, ама е актуелен со неговите коментари, анализи, па дефинитивно имаше што да каже за рекетот од Италија.

-Промените што ги направи тренерот Дарен Кејхил во играта на Синер и подготвеноста на Синер да му даде шанса сега го издигнаа на врвот. Го победи Новак – овде никој не го направил тоа долго време. Ѓоковиќ немаше ниту една брејк топка.

-Ми се допаѓа споредбата на Синер; тој и Новак играат слично, тоа го гледам. По денешниот натпревар мислам дека Синер би можел да биде новиот Новак. Алкарас го има тој X фактор и блескава игра, но Синер е поцврст, -порача Ник сега работи како аналитичар во „Јуроспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни