Поврзете се со нас

АТП

Кирјос си се врати на старо, ги исмеа Ѓоковиќ и Иванишевиќ на социјалните мрежи: Водат 2:0 против…

Објавено

на

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос повторно го привлече вниманието на јавноста со еден непримерен коментар поврзан за Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ кои се позитивни на коронавирусот по тенискиот турнир „Адрија Тур“.

Турнирот организиран од страна на Ѓоковиќ и неговите луѓе направи големи проблеми затоа што после него се заразија голем дел од учесниците на истиот, па сосема беше очекувано јавноста да ги нападне со оглед на фактот што избрзаа да организираат ваков настан.

Кирјос претходно ги критикуваше организаторите, со коментар „на место“, но сега се врати на старо и буквално со еден коментар ги исмеа и Иванишевиќ и Ѓоковиѓ.

– Организаторите на турнирот, лидерите водат со 2:0 во гемови, -гласеше краткиот саркастичен коментар на Кирјос над сликата на која пишува дека и Иванишевиќ е заразен со коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни