АТП
Кирјос шокиран од последните случувања во тенисот: Доведен е во прашање интегритетот на нашиот спорт
Ник Кирјос громогласно го критикуваше Јаник Синер во моментите кога Италијанецот испадна дека имал два позитивни допинг теста уште во месец март и отворено бараше драконска казна за светскиот рекет број еден, но според Австралиецот, уште полоша вест пристигнала за тенисот при самиот крај на оваа година.
Тениското тело за интегритет соопшти дека Ига Швјонтек добива едномесечна забрана за играње тенис поради допинг, а бидејќи оваа казна воопшто нема да ја одлежи поради фактот што не се игра тенис во овој период од годината, Кирјос уште еднаш ја потенцираше лошата слика која се остави за тенисот од играчите кои беа најдобри во најголем дел во сезоната која измина.
– Двајцата светски рекети број еден се најдоа во големи допинг скандали и тоа е грозно и ужасно за тенисот. Нашиот спорт изгледа многу лошо во очите на останатите.
– Според мене, доведен е во прашање интегритетот на тенисот како спорт. Синер за својот тим кој самиот го избрал плаќа илјадници евра месечно, а сега ние треба да им веруваме дека никој од нив не знаел за недозволената супстанца која ја внел во телото?
– За мене тоа е неприфатливо. И јас можев да користам недозволени супстанци за побрзо да се вратам на теренот, но не го забрзав процесот и не правев такво нешто. Знам дека многумина не ме сакаат кога коментирам вака директно, но јас секогаш сум отворен и искрен во тоа што го кажувам, – вели Кирјос.
-
Италија19 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП18 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Европски првенства22 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Шпанија21 час
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Италија8 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Англија17 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Шпанија22 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
АТП21 час
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него