Поврзете се со нас

АТП

Кирјос се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон и ја изнасмеа публиката со својата изјава за следниот противник (Видео)

Објавено

на

Ник Кирјос по вторпат во својата кариера се пласираше во едно четвртфинале на Вимблдон, откако денеска ги надмина проблемите со мала повреда и го урна отпорот на Накашима.

Австралиецот беше поуспешен по голема борба која траеше повеќе од три часа, а која беше решена во одлучувачки петти сет кој му припадна на Кирјос со 6:2.

Кирјос се најде во едно четвртфинале на грен слем турнир првпат по 2015-та година, а противник ќе му биде Гарин кој исто така одигра пет сета и беше подобар од Де Минаур.

За разлика од пресметката со Циципас, Кирјос денеска конечно имаше мирен ден и не направи никакви проблеми, но успеа да ја изнасмее публиката во Лондон по прашањето за неговиот следен противник во четвртфиналето.

– Не ми е гајле за тоа. Знам само едно. Сигурно ќе пијам вино оваа вечер, тоа е сигурно, – изјави Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни