Поврзете се со нас

АТП

Кирјос се огласи за спогодбата меѓу Синер и Светската анти-допинг агенција (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Ник Кирјос беше најголем критичар на Јаник Синер во последните шест-седум месеци и испорача сериозни рафали против светскиот рекет број еден за допинг скандалот, а откако денеска се дозна казната која ќе мора да ја отслужи, Австралиецот повторно е најгласен на социјалните мрежи.

Синер очигледно најде заеднички јазик со Светската анти-допинг агенција и се спогоди за тримесечна суспензија, период во кој ќе пропушти важни Мастерс турнини, но што е најважно за него, не и некој грен слем турнир.

Италијанецот ќе може да се врати на терените на почетокот на месец мај, а тоа значи дека ќе има подготовка за Мастерсот во Рим, па потоа и за Ролан Гарос.

Ова решение на ВАДА повторно ја подели јавноста во тенисот, но според Кирјос, оваа одлука значи дека во тенисот се користат двојни аршини.

– ВАДА рече дека ќе биде казнет година, или две. Очигледно тимот на Јаник Синер направи се што е во негова моќ за да издејствува три месеци казна.

– Не загуби титули, не загуби ниту пари. Виновен или не? Ова е тажен ден за тенисот. Фер играта веќе не постои во нашиот спорт, – порача Кирјос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни