Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Само себичните луѓе сакаат да се одржи Ју-Ес Опен

Објавено

на

Тенисерот од Австралија, Ник Кирјос се огласи и го соопшти својот став во однос на ситуацијата со Ју-Ес Опен.

Овој грен-слем треба да се одигра во август и септември, но голем број на познати имиња не сакаат да бидат дел од истиот, поточно да ризикуваат поради пандемијата со коронавирусот. Воедно ќе има многу правила, ограничувања, треба да се игра без публика, па затоа има критики иако има и такви кои сметаа дека турнирот во Њујорк треба да се одржи.

Околу оваа тема проговори и Кирјос кој конечно се согласи со Новак Ѓоковиќ по едно прашање.

-Секако дека луѓето кои живеат во Соединетите Американски Држави сакаат да се одржи годинашното издание на Ју-Ес Опен. Тие се себични се. Јас морам да го облечам моето одело (деконтаминација) кога ќе отпатувам од Австралија и потоа по враќањето ќе морам две седмици да поминам во карантин, -истакна Кирјос.

Ѓоковиќ и Надал претходно истакнаа дека тешко ќе настапат под овои услови во Њујорк, став кој го искажа, подджа и една од најдобрите женски тенисерки Симона Халеп која на прво место го стави своето здравје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни