Кирјос со реакција во свој стил откако доби рекордна казна од АТП (Фото)

nik-topcinja

Ник Кирјос изрежира незапаметени лудории на мечот со Карен Хачанов кој се одигра во средата, а бизарниот тајм-аут кој го побара и недоличното однесување кое го покажа кон судијата Марфи направија да ја добие најригорозната казна од страна на АТП.

Светската тениска организација му додели рекордна казна на австралискиот тенисер кој досега доста долго го толерираше со благи казни, па така најновата драстично се разликуваше од претходните бидејќи станува збор за парична отштета со шест цифри. АТП му врачи рекордна казна од 113 илјади долари што е огромна загуба за него со оглед на парите кои ги заработи од настапот на Синсинати, но ако се суди според неговата последна изјава, дури и новиот третман не допира воопшто до зацртаниот начин на кој го сфаќа тенисот.

Кирјос испрати иронична фотографија на Инстаграм како одговор на рекордната казна, ставајќи до знаење дека него се уште му е смешно сето она што се случи на теренот.


View this post on Instagram

😏

A post shared by NK (@k1ngkyrg1os) on

Facebook Коментари