АТП
Кирјос повторно го прозва Ѓоковиќ: Тој бегаше од моите сервиси
Ник Кирјос традиционално се обидува да го провоцира Новак Ѓоковиќ со своите изјави, а во сличен стил помина и неговата интернет комуникација со Енди Мари.
Кирјос и Мари зборувале на многу теми, но една од нив била и првото соочување на двајцата кое се случило во Монтреал во 2014 година.
Мари го доби мечот во два сета, а Кирјос вели дека не постоел начин да победи на таа средба.
– Ми дозволи да освојам само четири гејма тој ден, се чувствував како да не знам што е тоа тенис. Сакав да го напуштам теренот по првите четири гејма, очекував повеќе, но знаев дека имам проблем кога почна да ми враќаш сервиси кои ни Рафа не можеше, – рекол Кирјос.
Тој потоа успеал да го инволвира и Ѓоковиќ во разговорот.
– Не сакам да предизвикам контроверзи, но сметам дека требаше да имаш поголема кариера од Ѓоковиќ. Тоа е мое мислење, луѓето ќе речат – не, Новак има освоено толку и толку грен-слем титули, но јас размислувам дека Ѓоковиќ не можеше да ми врати сервис како што треба, а ти ми враќаше винери. Тој бегаше од моите сервиси, – дополнил Кирјос.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 20 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)