Поврзете се со нас

АТП

Кирјос освои нереален поен против Медведев, па истрча „олимписки круг“ (Видео)

Објавено

на

Во вечерниот термин на Австралија Опен, сите беа подготвени за тенискиот спектакл во втората рунда на тенискиот грен слем во Мелбурн, а мора да се признае дека Данил Медведев и Ник Кирјос ги оправдаа очекувањата и ги задржаа тениските фанови до доцна во ноќта.

Двајцата тенисери кои имаат специфични карактери знаеја како да ја забавуваат публиката, со тоа што Русинот влезе и во конфликт со навивачите кои го исвиркуваа и аплаудираа во моменти кога ќе погрешеше со првиот сервис.

На крајот, првиот фаворит на турнирот се пласираше во третата рунда откако го победи Ник Кирјос со 3:1, па така со својот прв триумф над денешниот противник ја разочара домашната публика во Мелбурн.

Кирјос влезе со позитива од 2:0 во меѓусебните пресметки во денешниот дуел со Медведев, но иако првпат загуби, не пропушти да ја воодушеви публиката и да го заврши мечот со најдобро освоениот поен.

Ник загуби со 7:6, 6:4, 4:6 и 6:2, а во третиот сет кој всушност тој го доби, режираше сензационален и нереален поен, по кој истрча и таканаречен „олимписки полукруг“ пред да дојде до пешкирот и да се одмори пред следниот поен.

На крајот, Медведев ја оправда фаворитската улога и се најде во следната фаза на Австралија Опен, во која се пласираа и фаворитите Циципас, Рубљов и Оже Алиасим. Денеска, рана елиминација доживеа Енди Мари, кој во втората рунда беше поразен од Даниел со 3:0, односно идентични 6:4 во трите сета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни