Кирјос со нов напад кон Ѓоковиќ: Контроверзниот тенисер уште еднаш ја покажа омразата кон Србинот (Видео)

kirjos-2

Ник Кирјос важи за еден од најконтроверзните тенисери кој вниманието на јавноста наместо од тениските терени, го привлекува надвор од нив.

Јасна е неговата омраза кон во моментов најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, а истата ја покажа уште еднаш во видео кое осамна на социјалните мрежи.

Имено, новиот „напад“ кон Ѓоковиќ се случи во Вашингтон кога еден од тениските фанови побара Кирјос да му се потпише на маичка на која го пишуваше името на Ѓоковиќ, Новак. Наместо потпис, Кирјос го пречкрта името Новак и кратко проговори: – Еве, ова го мислам за тебе и твојата маичка…

Видеото веднаш се прошири на социјалните мрежи, а Кирјос уште еднаш, по којзнае кој пат доби лавина негативни коментари од фановите.

Facebook Коментари