Поврзете се со нас

АТП

Кирјос ниже победи, го елиминираше и Медведев во Монтреал

Објавено

на

Ник Кирјос ја продолжи одличната серија на тениските турнири, денес елиминирајќи го светскиот рекет број еден, Данил Медведев на Мастерсот во Монтреал.

Дерби пресметката се случи уште во второто коло, а Австралиецот направи целосен пресврт, откако првиот сет го загуби во тај-брејк.

Следуваше одговорот, па Медведев немаше решение за нападите на австралискиот ривал, со што Кирјос ги освои двата следни сета со 6:4 и 6:2.

Медведев беше и актуелен освојувач на Мастерсот во Канада, па ќе загуби поголем број поени на АТП ранкингот следната недела, што може да биде опасно за него бидејќи Рафаел Надал најави учество во Синсинати.

Следен противник на Кирјос во Монтреал ќе биде неговиот сонародник Алекс Де Минаур.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни