Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Не ми треба тренер, тоа за мене се само фрлени пари

Објавено

на

Ник Кирјос останува еден од најконтроверзните тенисери во врвот на АТП ранкингот, а со својата последна изјава на директен начин откри зошто не соработува со тренер.

Она што е вообичаено за неговите колеги, за Кирјос е голем и непотребен трошок.

– Мојот личен став е дека ангажирањето на тренер е голем трошок, затоа што сметам дека се преплатени.

– Јас немам поставено цел да освојам грен-слем турнир, сакам работите да течат на мој начин, да се забавувам и играм.

– Бесмислено е да ангажирам тренер и напразно да му губам дел од времето, не верувам дека некој тренер би го прифатил тоа, ќе му биде кошмар. Со оглед на фазата од кариерата во која се наоѓам, веќе е и предоцна да работам со тренер, имам воспоставено навики кои не сакам да ги менувам, – изјавил секогаш искрениот Кирјос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни