Поврзете се со нас

АТП

Кирјос не издржа и упати зајадлива порака по дисквалификацијата на Ѓоковиќ од Ју-Ес Опен

Објавено

на

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос не чекаше многу и веднаш се огласи на социјалните мрежи по дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од Ју-Ес Опен.

Србинот беше дисквалификуван откако со топче погоди линиска судијка, а по ваквиот негов потег имаше бура од реакции во светот на тенисот.

Ник Кирјос направи паралела и се стави себеси на местото на Ѓоковиќ и ги праша фановите колкава казна би добил тој доколку го направел овој инцидент.

– Заменете ме мене со Џокерот во овој инцидент. Случајно го погодувате собирачот на топки во грлото. Колкава суспензија добивате? 5, 10 или 20 години, -напиша Кирјос.

Новак по дисквалификацијата веднаш го напушти „Флешинг Медоус“ и не се појави пред новинарите, за доцна синоќа преку социјалните мрежи да ја испрати и својата порака за овој инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни