Поврзете се со нас

АТП

Кирјос не го заборави Федерер, Алкарас има едно последно барање за неповторливиот Рожер (Фото)

Објавено

на

Светската тениска јавност е сложна дека тешко ќе се види играч каков што беше Рожер Федерер во блиска иднина, а почитта која ја добива од своите помлади колеги е најдобар доказ за неговата големина, но и трагата која ја остава во тенисот како спорт.

Швајцарецот е највлијатен и најпопуларен играч во историјата на тенисот и ја однесе оваа игра на повисоко ниво во последните 20 години, па иако секогаш ќе се водат дебати околу тоа дали е најдобар на сите времиња, едно нешто никој не може да му одземе, а тоа е наследството кое го остава во „белиот спорт“.

Човекот кој имаше професионална кариера цели 24 години направи за свои противници да има играчи кои на него гледале како голем идол во детството, а такви се и Ник Кирјос и Карлос Аларас кои му испратија специјални пораки.

– Никој нема да ја игра играта какошто ја играше ти. Уживај Федерер…. беше вистинка чест, – порача Кирјос, додека Алкарас има едно последно барање за Швајцарецот.

– Рожер беше еден од моите идоли и огромен извор на инспирација! Ти благодарам за се што направи за нашиот спорт! Се уште сакам да играм со тебе! Ти ја посакувам цела среќа на светот во тоа што доаѓа следно за тебе, – му порча новиот светски рекет број еден, Карлос Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни