АТП
Кирјос: Најмногу го мразев Надал од големата тројка
Ник Кирјос е еден од тенисерите на кои своевремно им се предвидуваше блескава кариера, но тие прогнози не се остварија и потврда за тоа е фактот дека нема освоено ниту еден грен слем, а најголеми успех на таа сцена му е финалето на Вимблдон во 2022 година.
Меѓутоа Австралиецот со грчки корени е познат по својот незгоден карактер, темперамент и тоа често го ставаше во фокусот, па дури и знаеше да се „закачи“ со големата тројка која ја сочинуваа Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер. Имаше изјави кои ги преминуваа сите граници, а некако „најомилен“ му беше Надал и од денешна перспектива откри зошто тоа било така.
-Не можев да го поднесам, го мразев и го презирав максимално кога го гледав. Кога играв против него, сите го идолизираа, секој велеше дека е одличен работник, дека е ова или она, а јас си велев „Не можам да го поднесам овој човек“.
-Сакав да им покажам на сите дека е можно да се забавувате, да бидете мирни и да ги победите овие играчи на тој начин. Секогаш ме мотивираше максимално. Кога играв против него, се трудев да играм најдобро што можам. Не чувствував таков бес кога играв против Новак Ѓоковиќ или Рожер Федерер, -истакна Кријос во поткастот во кој го водат Сем Квери, Стив Џонсон, Џек Сок и Џон Изнер.
-
Светски првенства22 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства21 час
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства22 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Светски првенства23 часа
Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја
-
Репрезентација12 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Шпанија13 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија23 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)