Кирјос на несвојствен начин прославуваше пред очите на Ѓоковиќ, Србинот одговори џентлменски (Видео)

akapulko-nole

Новак Ѓоковиќ доживеа уште една рана елиминација на турнирите во новата 2017 година, а овојпат како непремостлива пречка за него се покажа контроверзниот Ник Кирјос кој обично привлекува големо внимание во јавноста со своите испади на терените и надвор од нив.

Талентот на австралискиот тенисер е неспорен и тоа го демонстрираше во четвртфиналето во Акапулко, но сепак не можеше да издржи а да не направи необичен потег и за време на мечот кој го одигра речиси без ниту една грешка.

При освојувањето на првиот сет, односно на 11-от и победнички поен во тајбрејкот, Кирјос на необичен начин се залета кон своето столче прославјувајќи ја грешката која ја направи Ѓоковиќ, а интересно тоа беше тема на разговор и на прес-конференцијата на која Србинот доби прашање дали се вознемирил од таквиот потег на противникот.

– Одлично сервираше и заслужи да победи, честитки до него, -посочи кратко Новак кој не беше премногу расположен за давање коментари по новиот шокантен пораз, сличен на оној од Австралија Опен кога загуби од Денис Истомин.

Facebook Коментари