Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Играв пијан против Надал и го победив во два сета

Објавено

на

Ник Кирјос како играч кој дава изјави без влакна на јазикот доби дополнителан популарност во светскиот тенис, уште повеќе поради тоа што неговите жестоки ставови доста често се поврзани за најдобрите тенисери во денешницата.

Во измиантиве две години, Австралиецот во неколку наврати имаше доста провокативни изјави кон Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, а со Шпанецот дури имаа и тензични моменти на теренот, како оној од минатата година на турнирот во Акапулко.

Тогаш, Кирјос оствари победа со епски пресврт, но сега одлучи да се потсети на една победа од две години претходно, онаа во 2017-та година на Мастерс турнирот во Синсинати.

Ник го совлада Рафа со 6:2 и 7:5 во четвртфиналето, дуел за кој вели дека го одиграл откако цела вечер претходно бил под сериозно дејство на алкохол.

– Бев се уште мамурен и пијан. Излегов на теренот и си поминав многу добро. Знаев дека мора да сервирам добро и да бидам агресивен во секој поглед. Само така имав шанса. Едноставно не можев да се движам, се уште имав последици од претходната ноќ, – открива Кирјос за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни