Поврзете се со нас

АТП

Кирјос го прекрши протоколот, но не отстапува: Не се откажувам од моите „џорданки“

Објавено

на

Ник Кирјос често предизвикува скандали на и надвор од тениските терени, а по релативно мирното осминафинале, веројатно ќе добие казна поради инсистирањето да ги носи своите „џорданки“ при напуштањето на теренот и на прес-конференцијата.

Црвената боја не е во согласност со правилата на Вимблдон, но австралискиот тенисер не планира да го промени однесувањето.

– Правам тоа што сакам.

– Не сум над правилата, но едноставно сакам да ги носам моите „џорданки“. Седам овде пред четвртфиналето на Вимблдон и знам дека има многу луѓе кои се вознемирени поради тоа. Тоа е убаво чувство, – рекол Кирјос, кој на пресот се „засилил“ и со црвена капа од истиот бренд.

Во утрешното четвртфинале, противник на Австралиецот ќе му биде Гарин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни