Поврзете се со нас

АТП

Кирјос го прекина постот и испиша историја во Вашингтон

Објавено

на

Ник Кирјос го победи Јошихито Нишиока во финалето на АТП турнирот во Вашингтон и го освои првиот трофеј по пауза од три години.

Австралиецот стигна до трофејот без загубен сет во Ди-Си, со што ја потврди добрата форма најавена и со пласманот во финалето на Вимблдон.

Кирјос ги добил двата сета со 6:4 и 6:3 за конечни 2:0, па заслужено стигна до седмиот АТП трофеј во кариерата.

Истовремено тој испиша историја на турнирот, бидејќи стана првиот тенисер кој во иста година триумфирал во сингл и дубл конкуренција.

Пред финалето во поединечна конкуренција, Кирјос заедно со Џек Сок победи и во дубл финалето против Додиг и Крајичек.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни