АТП
Кирјос го откажа спектаклот со Ѓоковиќ во Мелбурн
Ник Кирјос и Новак Ѓоковиќ одиграа заедно во Бризбејн и за првпат беа на ист дел од мрежата, а доброто пријателство требаше да го заокружат со хуманитарен меч кој требаше да го одиграат на Род Лејвер арената.
Откако играа заедно на турнирот во двојки, планот беше да режираат спектакл во Мелбурн како најава за Аустралијан Опен, но сега пристигна информација дека до такво нешто нема да дојде.
Кирјос ги извести фановите дека е приморан да го откаже хуманитарниот меч со својот добар пријател, сето тоа како последица на повреда која ја заработил во пределот на абдоменот.
– За жал, нема да бидам во можност да играм против мојот добар пријател Новак Ѓоковиќ овој четврток на 9-ти јануари.
– Имав ултразвук на абдоменот и се покажа дека имам мускулна пукнатина од прв степен. Ќе одморам и ќе направам се за да бидам добар за Аустралијан Опен, – порача Кирјос.
Првиот грен слем во годината започнува на 12-ти јануари, па Кирјос ќе биде во трка со времето за да се опорави од повредата и да настапи на омилениот домашен турнир.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)