Поврзете се со нас

АТП

Кирјос го одигра првиот меч по финалето на Вимблдон и бараше завршен совет од госпоѓа на трибините (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CitiOpen

Ник Кирјос го одигра првиот меч по големото финале на Вимблдон кое го загуби од Новак Ѓоковиќ, откако рано утрово беше дел од првото коло на турнирот во Вашингтон.

Австралискиот тенисер без проблеми го совлада Маркос Хирон со 6:3 и 6:2 во меч кој траеше точно еден час, па дел од фановите сметаа дека добиваат премалку забава за тоа што го платиле.

Поради тоа, Кирјос се прикажа во светло на шоумен пред крајот на мечот, па пред да го повлече последниот потег на теренот, бараше совет од една госпоѓа.

Ник ја запраша повозрасната госпоѓа каде сака да отсервира на меч топка, па потоа го спроведе тоа на дело и го освои последниот поен исполнвувајќи и ја желбата.

Следен противник на Кирјост на турнирот во Вашингтон ќе биде Американецот Томи Пол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни