Поврзете се со нас

АТП

Кирјос го нападна Зверев: Добро бе човеку, како можеш да бидеш толку себичен?

Објавено

на

Александер Зверев беше еден од тенисерите кои беше дел од „Адрија Тур“ на Новак Ѓоковиќ, настапуваше на турнирите во Белград и Задар, ама не беше дел од групата на играчи кои се заразија со коронавирусот.

Неговите тестови беа негативни, но тој се извини и порача дека 14 денови ќе биде во самоизолација, ама Германецот тоа го прекрши и учествуваше на една забава во Монте Карло.

Шокантно видео: Зверев ја „испочитува“ самоизолацијата во друштво на атрактивни хостеси

Се појави видео од настанот на кој Зверев бил присутен, па сосема очекувано многу критики стигнаа на негова адреса. Со свој коментар се јави и Ник Кирјос кој беше директен како секогаш и го подбра колегата.

-Многу контроверзни работи се случуваат низ целиот свет, но она што ми го привлекува вниманието е Саша Зверев. Повторно, човек, повторно … Како можеш да бидеш толку себичен?

-Ако имаш храброст за објавиш твит во кој велиш дека ќе се изолираш 14 денови и се извинуваш на јавноста поради тоа што го стави здравјето во ризик, имај достоинство и остани 14 денови во самоизилација. Господе, биде со девојката 14 денови. Овој тениски свет навистина ме лути. Колку себични можете сите да бидете, -истакна Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни