Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Ѓоковиќ не е како Џордан, туку…

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Ник Кирјос веќе подолго време не е активен на терените и прашање е дали ќе го водиме на истите со оглед на повредата и пред се неговата мотивација.

Меѓутоа Ник е актуелен, активен постојано кога се во прашање сите теми околу тенисот, тој имаше улога на коментатор на Аустралијан Опен, плус тука се и социјалните мрежи на кои секогаш има што да каже.

Новак Ѓоковиќ понекогаш е споредуван со Мајкл Џордан кога е во прашање големината, нешто што неодамна го кажа и Ришар Гаске кој порача:

-Освен Ѓоковиќ кој речиси на 37 години освојува грен слем, дали некогаш сме го доживеале тоа во спортот, освен можеби Мајкл Џордан? Меси игра во Мајами, други во Саудиска Арабија, а тој е светски рекет број 1! Не можам да објаснам зошто е толку силен на таа возраст. На возраст од 37-38 години, нормално сте помалку добри отколку на 25 години, -истакна Гаске.

На ова Кирјос се огласи во негов стил и порача:

-Не, Ѓоковиќ е Леброн. Џејмс сè уште го прави тоа на 40 години. Џордан застана порано и не беше толку доминантен, -истакна рекетот од Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни