Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Ѓоковиќ е тениски антихерој

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Ник Кирјос долго време беше еден од најжестоките критичари на Новак Ѓоковиќ, но во последните три години го промени наративот и целосно застана на страна на српскиот тенисер.

Ковид-драмата која ја доживеа Ноле во Авастралија направи да видиме помирување на едни тениски непријатели, бидејќи додека сите даваа лоши изјави за Србинот, Кирјос беше оној кој му се стави на располања да му помогне на било каков начин.

Оттогаш, двајцата тенисери го поправија односот и дури сега се сметаат за пријатели, па така Кирјос од човек кој велеше дека Ноле има болесна опсесија да биде сакан од навивачите, сега се претвори во голем фан кој вели дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња.

– По мое мислење, Новак стана најдобар тенисер на сите времиња. Рожер Федерер беше најдобар за гледање, но најдобриот кој фатил рекет е Новак.

– Во раните почетоци на неговата кариера, чувствував дека сака публиката да биде на негова страна. Сака да биде прифатен од фановите, но сега прифати да биде негативец. Новак е антихерој во светот на тенисот. Многу го сакаат, но многумина и не го сакаат, а тој го прифати тоа.

– Зошто не го сакаат? Бидејќи многу победува. Луѓето знае да ги нервира тоа што некој постојано победува. Тој не е совршен како Рожер или Рафа, на моменти изгледа и како зол човек, а мене тоа искрено ми се допаѓа, – вели Кирјос.

Ѓоковиќ денеска треба да го одигра својот меч од првото коло на Вимблдон, а негов противник ќе биде Чехот Вит Коприва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни