АТП
Кирјос ги разочара австралиските фанови со искрената изјава по болниот пораз во Мелбурн

Ник Кирјос беше поразен од Џејкоб Фирнли во првата рунда на Аустралијан Опен и многу брзо го заврши сонот на својот омилен грен-слем турнир, на кој како што стојат работите, најверојатно настапи за последен пат во сингл конкуренција.
Поразот во три сета му падна доста тешко на Австралиецот кој беше во аут поради повреди речиси две години, па во своето излагање по мечот, Ник самиот посочи дека веќе не се гледа себеси како играч кој може да ги предзивика најдобрите играчи на Аустралијан Опен.
– Реално, јас не гледам како повторно би заиграл тука во сингл конкуренција. Ова беше специјално за мене, сакав да го искусам и дадов се што имав.
– Не излегов на теренот со цел да го фрлам пешкирот на теренот, не сакав да се предадам иако физички се мачев. Го почитувам мојот ривал, а покрај тоа, ги гледав фановите како со часови чекаат во ред за да ме гледаат. Објективно кажано, не гледам како би заиграл сингл меч на Аустралијан Опен во иднина.
– Физички повеќе не сум подготвен за овие напори, се надевам дека ќе останам здрав до Вимблдон. Ако немам проблеми со повреди, верувам дека можам да направам нешто на Вимблдон, – изјави Кирјос.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!